| четврток, 6 декември 2018 |

Фатос Река, албански амбасадор во Македонија

Нов амбасадор на Република Албанија во Република Македонија ќе биде Фатос Река. Ова се наведува на веб сајтот на претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, кој денеска попладне го потпишал декретот, со кој Река се наименува за амбасадор во Република Македонија.

– Врз основа на член 92 и 93 од Уставот по предлог на премиерот го наименувам Фатос Река за нов амбасадор на Република Албанија во Република Македонија. Указот стапува во сила веднаш, стои во указот објавен попладнево.

Фатос Река е вработен во Министерството за надворешни работи на Албанија, но не се смета за позната  личност на албанската политичка сцена. Тој доаѓа на местото на Петрит Бушати, кој за амбасадор во Скопје дојде во мај 2014 година, а почина истата година во ноември. Дел од медиумите во Албанија наведуваат дека потеклото на Река е од областа Река во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top