| четврток, 6 декември 2018 |

Албанските политичари сплотени за интересите на Албанците, македонската опозиција против сопствената држава

Liderska sredba ambasadori ok (11) (Custom)

Што ли беше толку смешно – противниците од албанската политичка сцена сплотени кога се во прашање интересите на Албанците

Лидерска средба се одржува денеска во Македонија под надзор на странски амбасадори во земјава. Американскиот и амбасадорот на ЕУ во земјава се присутни на средбата како набљудувачи, откако Заев одбиваше да учествува.

Liderska sredba ambasadori ok (6) (Custom)За време на кафе- паузата, лутите противници од албанскиот кампус на македонската политичка сцена Мендух Тачи и Али Ахмети, лидерите на власта и опозицијата, најдоа за сходно да седнат заедно, еден до друг и да испушат по една цигара на убавото време.

Liderska sredba ambasadori ok 1 (Custom)Што е смешната тема на маса која толку ги насмеа двајцата лидери не се знае. Дали им се смеат на македонските колеги? На политичката криза во која тие се само статисти? На што и да се смеат, Албанците покажаа сплотеност кога е во прашање интересот на албанскиот народ. Противници на политичката сцена, сојузници кога се работи за интересот на својот народ.

Liderska sredba ambasadori ok (5) (Custom)

Загриженост за актуелната ситуација

Македонските лидерски тимови на паузата на средбата седнаа според ставовите- на дијаметрално спротивни страни. Ликовите на фотографиите оддаваат многу и за приодот кон работите. Некој сериозен, некој весело расположен. СДСМ со своето однесување, според многу аналитичари, е главниот виновник за ситуацијата во која се наоѓа земјава. Удрија по полцицијата, па дури и додека тие беа во престрелка со голема група терористи.

За разлика од албанските колеги, опозицијата на чело со нивниот лидер Зоран Заев,  викендов покажаа дека дури и кога е доведена во прашање безбедноста на државата, кога е во прашање безбедноста на сопствениот народ  не може да застане на страна на народот, туку се обидува секоја ситуација да ја искористи за ситни политички поени.

Liderska sredba ambasadori ok(7) (Custom)

Нема обединетост дури ни при одбрана на националниот идентитет

Liderska sredba ambasadori ok (8) (Custom)

За потсетување, средбата е предизвикана за надминување на кризата предизвикана од аферата Пуч. Таа криза создаде „пукнатини“ низ кои се протнаа терористи чии имиња „тресеа“ неколку конфликти. Справувањето со нив однесе осум животи на безбедносните сили. Работата воопшто не е за смеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top