| четврток, 6 декември 2018 |

Затворена граница, непроверени информации – како Србија ја поддржа Македонија

1

Помина една година од поплавите во Србија, кога имаше загинати и повредени граѓани, илјадници семејства кои останаа без покрив над глава. Македонците се кренаа на нозе. Македонија беше една од првите држави кои покрена акција за собирање средства за настраданите од поплавите. Во секој град беа организирани акции на кои секој еден граѓанин можеше да донира пари но и ќебиња, конзервирана храна, пелени, средства за хигиена. Во тие акции кои беа поддржани од Црвениот Крст на Македонија, беа собрани 364 илјади евра во пари и средства и 982 тони добра. Отворени беа и телефонски линии преку мобилните оператори на кои се донираа средства, а беа собрани околу 30 илјади евра. Но помошта не застана тука. На 16 мај со одлука на нашата Влада, Директоратот за заштита испрати во Србија 15 спасувачи со опрема, генератори за електрична енергија, Министерството за одбрана испрати 50 офицери и пет генератори, а МВР хеликоптер со 15 спасувачи во Обреновац.

Година подоцна се случува Куманово. Една од најопасните терористички организации на балканот беше разбиена во Куманово. 26 часа траеше акцијата на полицијата, која успеа да приведе 30 членови на групата, а беа убиени над 14 терорсти. Од македонските безбедносни сили животот го загубија осум лица. Речиси 40 полицајци беа префрлени на клиниките каде им се укажуваше лекарска помош по здобиените повреди од престрелката. Некои со полесни, но некои и со потешки повреди.

Untitled
Медиумите од регионот известуваа за кризата во земјава. Најгласни беа спрските медиуми. Но дали Македонија доби поддршка од нив (чест на исклучоци) во битката со терористичката група која му се закануваше на регионот?! Голем дел од тамошните медиуми објавија текстови кои не одеа во прилог на Македонија, македонската полиција, а што е најбитно, содржеа многу невистини, измислени работи, непотврдени информации. Тамошните медиуми потпаднаа под влијание на одредени медиуми во земјава кои се финансирани од СОРОС. Намерно или не тие за релевантни извори ги земаа токму медиумите кои се контролирани од опозицијата, а финансирани од СОРОС. Дел од нив пишуваа дека терористите биле платеници и обични криминалци, иако подоцна излезе дека поголем дел имаат учествувано во конфликти предизвикани од УЧК. Се повикуваат на скопската телевизија Нова. Зарем постои таква телевизија во Скопје?! Се создаде впечаток дека дека постои исклучително моќна телевизија Нова. Кога ќе се помисли на хрватска Нова, се добива впечаток дека се работи за моќна телевизиска куќа. Па така на Радио Белград релевантен извор беше ТВ НОВА. Во самиот прилог на белградското радио „сведоци“ на настаните беа Стево Пендаровски, Благоја Марковски и Владимир Божиновски. Влајко беше претставен како поранешен вице премиер задолжен за Евроинтеграции. Се пренесе став на Стево Пендаровски дека е дојдена политичката пролет која успешно ќе завршела во мај/јуни. Во јавноста во исто време кружат информации дека тројца Срби кои се влијателни во медиумите во Србија, а имаат и минато со контакти на екстремистички групи, работеле на сценарија за логистика а во изминатиот период биле во Скопје. Веројатно затоа не е чудно што релевантен извор не беше македонската информатвна агенција или Македонската радио телевизија, туку извор на информации беа токму медиумите на СОРОС.

111111111

Последната шпекулација беше дека наместо македонски полицајци во акцијата во Куманово, учествувале американски војници од бондстил.

222222

Вечерње новости објави дека Србија ја затворила границата кај Прешево. Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека неколку српски семејства и 397 Албанци избегале во Србија . Се создаде погрешна слика, па така Јагодине ги отвори хотелите за избеганите Македонци, како благодарност за помошта од Македонија за време на поплавите во Србија. Српски „Блиц“ во саботата, за време престрелките во Куманово објави дека македонската гранична полиција се повлекла од границата меѓу Србија и Македонија. Тие тврдеа дека на граничните премини се распоредени српски полициски и воени сили. Подоцна ваквата информација беше демантирана од страна на тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Дел од Србите, веројатно поттикнати од дејствувањето на опозицијата во земјава излегоа на улица и бараа оставка и одговорност за жртвите во судирите во Куманово.
И што донесе ваквата слика која српските медиуми, поттикнати од медиумите финансирани од СОРОС ја создадоа во Србија?! Најголемиот дел откажани резервации за туристичка посета на земјава кои се случија после Куманово се од соседна Србија. Наспроти ова планираните организирани чартер-летови за посета на туристи од Холандија според најавите од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ќе се реализираат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top