Викендов, 16 и 17 мај, ќе се врши авионско прскање против комарци на вкупна површина од 6.000 хектари.
Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, ќе биде употребен широкопојасен висококвалитетен инсектицид.
В сабота со прскањето ќе бидат опфатени општините Охрид (1.500 хектари) и Дорјан (1.000), додека в недела општините Крушево (750 хектари), Ресен (1.000), Чешиново-Облешево (900 хектари) и Берово (850 хектари).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.