| четврток, 6 декември 2018 |

Поднесени обвиненија за 12 лица што учествуваа во протестите

javno-obvinitelstvo-tabla

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог во Основниот суд Скопје 1, против четворица обвинети за сторено кривично дело за време на протестите пред Владата на Република Македонија.
Надлежниот обвинител за сторителите на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, побара и продолжување на мерката притвор за тројца од нив, додека пак за еден од обвинетите предложи замена на мерката притвор со мерка за претпазливост.
Судот го прифатил предлогот на надлежниот јавен обвинител.
Денеска е поднесен и обвинителен предлог за втората група учесници во протестите. Осум лица се обвинети за сторено кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.
Од Обвинителството соопштуваат дека за седум обвинети е поднесен и предлог за продолжување на мерката притвор, а за еден обвинет продолжување на мерката куќен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top