| четврток, 6 декември 2018 |

Талер за 100.000 евра мито доби 2.5 години затвор

taler12
Поранешниот министер за надворешни работи на Словенија, Зоран Талер на крајот од јануари беше осуден на затворска казна во траење од две години и шест месеци, како и парична казна откако беше фатен од новинарите на Сандеј Тајмс како прима мито од 100.000 евра. Талер, како пратеник на Европскиот парламент беше наместен од новинарите кои му дадоа пари за тој да лобира за донесување на закон во нивна корист.

Словенечката полиција против Зоран Талер поднела пријава, а тој кон крајот на минатата година се договорил со обвинителството.

„Формално со тој договор ја признавам вината“, изјавил Талер, кој казната од 15 илјади евра ќе ја плати во корист на Педијатриската клиника во Љубљана. Талер пет години нема да има право да се вработи во некоја јавна служба.

Вчера јавноста го виде скандалозното видео на кое лидерот на СДСМ Зоран Заев е снимен како бара мито.
sfdjifsdjifsdjklfsdjk

Сумата на Заев и на Талер е идентична, 100.000 евра. Околностите се речи си исти, односно Заев е снимен како ги бара парите, за македонското Обвинителство исто така работи на кривичен предмет.
Ако европското законодавство по пат на спогодба доделува 2,5 години затвор за ова дело, се поставува прашањето како ќе постапи македонското.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top