Стартот на судскиот процес против поранешниот полициски функционер и контраразузнавач Зоран Верушевски е одложен откако во судницата не се појави неговиот адвокатски тим. Едниот од адвокатите на Верушевски бил на друго рочиште, а другиот имал здравствен проблем. Верушевски се товари за нелегално поседување оружје.
Во претресот на неговиот дом беа најдени два пиштоли, за коишто неговата одбрана тврди дека се регистрирани во евиденцијата на МВР.
Следното рочиште е закажано за 4 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



