Повеќе странски партнери деновиве ги откажале резервациите за организирани патувања во Македонија поради актуелната состојба. Туристичките работници побараа помош од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, која свика вонредна седница на Советот на Агенцијата за да се разгледаат состојбите.
Според директорот на Агенцијата, Кристијан Џамбазовски, целта е да се преземат мерки и активности за надминување на актуелната ситуација.
– Очекуваме заедно со туристичкото стопанство да излеземе со став и предлози за да се ублажат негативните резултати од актуелната ситуација. Истовремено се соочуваме со ситуација во која различни медиуми, домашни и странски излегуваат со своја интерпретација на настаните, со што се предизвикува несигурност кај странските партнери и откажување на оганизираните патувања кон Македонија од сите странски држави – изјави Џамбазовски.
Најголемиот дел откажани резервации се од соседна Србија, а планираните организирани чартер-летови за посета на туристи од Холандија според најавите од Агенцијата ќе се реализираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Втор ден хаос за туристите во Грција
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Голема несреќа на Хаваи: Туристи повредени откако вулканска лава погодила брод



