Кејт Бланшет шокираше многумина со нејзиното признание дека имала врски со многу жени.
Кејт е омажена за режисерот и сценарист Ендру Аптон веќе 18 години, па затоа шокот за јавноста беше уште поголем. Бланшет моментално го промовира нејзиниот нов филм „Керол“ во кој глуми лезбијка. На новинарско прашање, дали тоа ѝ е првпат, Кејт одговори: „На филм или во реалниот живот?“.
На прашањето дали тоа значи дека таа имала повеќе врски со жени во реалниот живот, оскаровката одговори: „Да, повеќе пати“.
Кејт никогаш досега не навестила на никаков начин за нејзината бисексуалност, така што со нејзиниот искрен одговор навистина ги изненади многумина. Од друга страна, можно е целата таа приказна да служи само за добра промоција на филмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.