| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнаа 15 рудари во Колумбија

rudari-500

Спасувачките екипи работеа цела ноќ за пронаоѓање на 15 исчезнати рудари, откако три вертикални шахти на рудник со злато во Колумбија беа поплавени вчера.

Поплавата веројатно е последица на прекинот на доток на струја или на експлозија во шахтите, кои се наоѓаат меѓу 14 и 27 метри под земјата во рудникот Риосусио, во северозападна Колумбија.

– Рудникот е целосно поплавен – изјави Леонардо Мехија, сопственик на рудникот, и додаде дека некои од рударите што работеле под земјата успеале да се спасат, откако дознале дека се случува нешто , но стравува дека е можно 15 исчезнати, всушност, да се загинати.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ги повика спасувачките екипи да ги вложат сите напори за пронаоѓање на загинатите. Властите доставија дополнителни генератори за да ги активираат пумпите за отстранување на водата, но прочистувањето на рудникот ќе трае најмалку три дена.

За време на инцидентот во рудникот имало меѓу 20 и 25 рудари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top