Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи третото продолжение на 47. седница.
На дневен ред на седницата се предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за царинската тарифа и за минималната плата во Република Македонија, двата по скратена постапка.
Пратениците ќе расправаат и по годишните извештаи за работата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2014 година, на Агенцијата за пошти за 2014 година, на Македонската радио-телевизија за 2014 година, Комисијата за заштита на конкуренцијата во 2014 година, Агенцијата за аудио и за аудиовизуелни медиумски услуги за 2014 година, и на Државната комисија за спречување на корупција во 2014 година.
На дневен ред на седницата се и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2014 година и Барањето за давање автентично толкување на член 327 став (3) точка 6) од Законот за парничната постапка, поднесен од Никола Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст