| четврток, 6 декември 2018 |

Лавров доаѓа во посета на Србија

лавров

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров вечерва пристугнува во посета на Србија. Официјалниот дел од посетата ќе биде утре, кога Лавров ќе се сретне со највисокиот државен врв на северниот сосед.

Главни теми на разговор, според соопштението на српското Министерство за надворешни работи, ќе бидат соработката меѓу Србија и Русија, билатералните односи како и српското претседавање со ОБСЕ.

Од амбасадата на Русија во Белград претходно соопштиле за Танјуг дека е предвидено рускиот шеф на дипломатијата за време на посетата освен со шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, да разговара и со претседателот на Србија Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top