| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департмент: Примирјето во Јемен воглавно се почитува

јемен

Петдневниот хуманитарен прекин на огнот во Јемен, што стапи во сила од денеска, во најголема мерка се почитува и покрај неколкуте случаи на судири, изјави вечерва во Вашингтон портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џеф Ратке.

Ратке ги повика сите страни вклучени во конфликтот во Јемен да продолжат да манифестираат воздржаност.

Петдневниот прекин на огнот во Јемен беше прогласен со цел да се овоможи дистрибуција на хуманитрана помош на жителите во реоните на конфликтот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top