| четврток, 6 декември 2018 |

Берлин: Да не се брза со британското барање за преиспитување на спогодбите на ЕУ

лондон
 Официјален Берлин денеска и порача на владата во Лондон да не брза со своето барање за преиспитување на спогодбите на ЕУ.

Министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле изјави за „Фајненшл Тајмс“ дека во Берлин во принцип нема ништо против да се расправа одново за прашањето на европските спогодби, но дека тоа не е најважната работа.

– Ние се согласуваме дека еветуалното менување на спогодбите, треба да се направи во договор со сите другите во Унијата, но сметаме дека отворањето на оваа тема не треба да се направи толку брзо – рече Шојбле.

Изјавата на герамснкииот министер доаѓа по најавите од Лондон дека новата конзервативна Влада на премиерот Дејвид Камерон веќе ги отпочнала работите за новите британско-европски преговори. Според лондонските медиуми, кои на ова прашање му даваат ударно место, Камерон веќе на Самитот на ЕУ идниот месец формално ќе го претстави ова барање на Велика Британија пред своите европски партнери.

Весниците блиски на Конзервативната партија откриваат детали од „стратегијата на Владата“, според која, Лондон бара „сеопфатна реформа“ на ЕУ.

Лондонски „Дејли Меил“, кој британските барања ги оквалификува како „реформирање на Унијата“, наведува дека Камерон и Владата како своја „црвена линија“ мора да го истакнат ограничувањето за имигрантите од ЕУ, кои во Велика Британија ќе може да аплицираат за социјални бенефиции, дури откако ќе престојуваат и ќе работат најмалку четири години во земјата.

Евроскептичниот „Дејли Експрес“, кој најавува „војна за Британија во Брисел“, ја повикува Владата да се избори, како што вели, барем за враќање на британската контрола на границите, мислејќи притоа на правото на Британците сами да одлучуваат околу имигрантската политика. Овој весник заговара право на вето во Парламентот во Лондон на законите што ги носи ЕУ.

Антиевропската атмосфера и антиимигрантската хистерија со која е зафатена британската јавност уште од минатата есен, сега е засилена по неочекуваната уверлива победа на Конзервативната партија на минатонеделните парламентарни избори.

Прашањата кои ги покренуваат весниците беа отворени во текот на предизборната кампања, пред се од ториевците и од кандидатите на Партијата за независност на Обединетото Кралство (УКИП), но сега и едните и другите велат дека новата Влада има „чист мандат“ да се избори за посебен статус на Велика Британија во рамките на ЕУ.

Прв тест за тоа е предлогот на Европската комисија за опредлување квота за прием на азиланти од бегалците и имигрантите на Мадитеранот. Официјален Лондон веднаш се спротувсави на планот, тврдејќи дека земјата иако има примено помалку азиланти од другите големи држави во Унијата, сепак, лани примила повеќе имигранти отколку 17 други земји заедно, вклучувајќи ги и Шпанија и Полска.

Британскиот минстер за внатрешни работи Тереза Меј изјави дека квотата е лошо решение, затоа што тоа „уште повеќе ќе ги охрабри имигрантите“ да го минуваат Медитеранот, надевајќи се дека некој во ЕУ ќе ги прими.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top