Поразителни бројки во туристичкиот сектор. Ова е резултат на „бомбите“ на Заев и насилните протести.
-Според последните податоци, од 25% раст на бројот на странски туристи, од стартот на „бомбите” на СДСМ и протестите кои се случија минатата недела, како и конфликтот во Куманово, тој падна на 12 отсто или од вкупниот број на туристи регистриран на 7%, само во последните неколку дена се намали на 5%, вели за „Индекс“ на Радио Слободна Македонија Зоран Николовски од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Тој вели дека ова се почетни, но алармантни податоци.
-Имаме информации дека министерството за надворешни работи на Србија апелира до своите граѓани дека е ризично да се патува во Македонија. Од таму се откажани резервациите, но алармираат од нашето туристичко стопанство дека сè повеќе се откажуваат индивидуалните резервации, но сега и организираните групи, вели Николовски.
Чартерите не се организирани, но се уште нема најава за нивно откажување.
Николовски апелира до надлежните да се мобилизираат, а апелираат и македонското МНР – преку дописи до нашите амбасади во странските држави – да информира дека ситуацијата во државата се стабилизира, нормализира и дека безбедноста е на високо ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



