| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ планира да воведе квоти за имигрантите

migranti more

Европската комисија денеска во Брисел претстави контроверзен план за згрижување на имигрантите со воведување на квота со која се одредува колку од нив мора да прими секоја од 28-те земји-членки на ЕУ.

Планот е претставен од првиот потпретседател на ЕК, Франс Тимерманс и високата претставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Според досегашните правила, одговорноста за згрижување на бегалците ја имаше првата земја во која влегле, а со тоа во тешка положба се доведоа Италија, Грција и Малта, најчести дестинации на имигтрантите.

– Сега секоја земја-членка ќе мора да понесе свој дел од товарот, што е во согласност со основното начело на солидарност, но и со меѓународните конвенции за азиланти, посочи Могерини.

Планот предизвика е жесток отпот кај некои земји-членки, посебно кај Велика Британија и Унгарија. Лондон тврди дека со планот се крши сувереното право на Велика Британија која сама одлучува дали ќе ги прими имигрантите, а унгарскиот премиер Виктор Орбан наведе дека системот на квоти е „луд и опасен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top