
Новоизбраниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски (1985) досега ја вршеше функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи во Скопје на отсекот дипломатија и меѓународна политика каде завршил и магистерски студии.
Работел како помлад соработник и како советник за меѓународна политика во Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ, а советник бил и во Општина Ѓорче Петров, каде бил и претседател на општинската Комисија за прашања, избори и именувања.
Во Општина Центар работел како раководител на сектор за поддршка на активностите на градоначалникот по што ги врши функциите државен секретар во министерствата за надворешни работи и за транспорт и директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


