Сега веќе бившата сопруга на порнешниот возач во Формула 1, Германецот Ралф Шумахер, го прослави разводот со фотосесија за германското издание на „Плејбој“.
Кора (38) изјави дека од ова најпознатото списание за возрасни често пати добивала понуди, но тоа не и било дозволено од Шумахер.
– Ралф не знае дека се фотографирав за „Плејбој“. Тој е мој поранешен сопруг и не треба да му давам извештај – изјави Кора, која му зеде и голем дел од неговото богатство.
Неа и припадна и старателството над нивниот 13-годишен син Дејвид.
Таа беше заедно со Ралф од 2001 година до февруари годинава, кога германските медиуми открија дека се разведуваат. Двајцата се венчаа во 2002 година во Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






