Поради парче стакло најдено во една тегла со храна за бебиња „алнатура“ (Alnatura) во Германија, маркетите „ДМ“ во Хрватска повлекуваат серија од тие производи, пишуваат медиумите во Хрватска.
Станува збор за каша од тиква, компир и анасон, од 190 грама, со рок на траење до 17 октомври 2014 година.
Серија од таа каша е увезена и во Хрватска иако поголемиот дел од пратките „ДМ“ веднаш ги повлекле од продажба, не се исклучува можноста дел од производите да се продадени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.