| четврток, 6 декември 2018 |

Нордлингер: Сорос е партиски активист во Македонија преку медиумите

jay nordlingerФондацијата на Џорџ Сорос преку своите проекти направила многу работи за демократијата во источна Европа, но преку финансирањето медиуми во Македонија таа станува отворен партиски активист, ја пренесува „Дневник“ поентата на текстот од водечкиот конзервативен неделник во САД „Нешнл ревју“. Џеј Нордлингер, уредникот на „Нешнл ревју“, во текстот посочува на влијанието на Соросовата фондација во Македонија, а се анализира дека нејзината политика станува доминантна во невладиниот сектор и во дел од медиумите, притоа добивајќи финансиска поддршка дури и од американските власти.

-Во првите години по колапсот на комунизмот, Сорос направил доста добри работи во Источна Европа, а на Македонија и дал и заем во време на грчкото ембарго. Но, во последно време тој станува отворено партиски ориентиран активист кого не го интересираат демократските процеси, туку, единствено, истура милиони долари во поддршка на левицата, и тоа на тврдата левица, преку низа невладини организации. Еден конзервативец ми кажа дека Сорос дошол во Македонија како тројански коњ, а се претворил во октопод- пишува уредникот на „Нешнл ревју“, Џеј Нордлингер, во својот текст објавен во електронското издание на неделникот.

sorosВо анализата се посочува дека американската финансиска поддршка за невладините организации во Македонија, простор за кој вели дека целосно е препуштен на мрежата на Сорос поради отсуство на какви било конзервативни невладини организации, оди во рацете на радикални левичари и соработници на поранешните тајни служби. Во текстот е наведена лустрацијата, која покажала дека првиот човек на Фондацијата „Отворено општество“, односно институтот на Сорос, Владимир Милчин, го кодошел водечкиот актер и дисидент Ристо Шишков, но Милчин ги негира овие наоди. Во своите забелешки тој додава и дека левицата во Македонија има голема предност во претставувањето на вистината за земјата пред странската публика.

-Соросоидите се добро позиционирани и ја претставуваат Македонија како земја во која демократијата е нарушена и тоне во десничарска темнина. Тоа се пораките кои западната публика ќе ги види и слушне- коментира авторот.

Нордлингер престојуваше во Македонија на крајот од април работејќи на подолгата сторија, која ќе ја објави во печатеното издание на неделникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top