| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски: Оставките се чин на самодоверба и подготвеност за „Пуч“, а Заев тоа не го посакува

analiza125-Antonio-Milososki
Оставките се чин на самодоверба и подготвеност за „Пуч“, а Заев тоа не го посакува, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
„Заев тврди дека оставките на Јанкулоска, Јанакиески и на Мијалков се доказ за незаконски дејства и за автентичноста на прислушкуваните разговори. Напротив – оставките се чин на самодоверба и подготвеност целиот случај „Пуч“, со сите докази, со сите прислушувања, нарачатели и прислушувачи, да добие правна разрешница според словото на законот. Таа правна разрешница на „Пуч“ Зоран Заев нешто баш и не ја посакува. Зошто .., тој си знае!!!“, напиша Милошоски на својот профил на „Фејсбук“.
amilososkii

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top