| четврток, 6 декември 2018 |

Во тек е запишување првачиња за учебната 2015/2016

Prvacinja (3) (Custom)

Во сите основни училишта во Република Македонија во тек е уписот на првачиња за учебната 2015/2016 година.

Запишувањето на првачињата во прво одделение важи за сите деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно сите деца кои се родени во 2009 година.

Детето може да се запише во прво одделение и доколку наполни шест години до 31 јануари наредната 2016 година, но по претходно барање од родителите (старателите) и добиено мислење од стручните служби во училиштето.

Лани во основните училишта во Република Македонија се запишале околу 19 илјади првачиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top