Шестнаесет годишниот Илија Михајловиќ од Белграб од првата аудиција на „Икс-фактор“ до сега ослабна 10 килограми. На неговата одлука да почне со диета, најмногу влијаеше Жељко Јоксимовиќ, кој како член на жирито на аудициите му препорача дека мора да го среди својот изглед.
– Од утре на некоја скромна исхрана и оди скини го тоа – му рече Јоксимовиќ, по што наиде на осуда од јавноста.
Но, советот добро влијаеше.
– Ослабив пред се од здравствени причини, а не за да изгледам подобро на сцена. Го послушав добронамерниот совет на Жељко и ја корегирав исхраната, секоја вечер трчам и се трудам на здрав и сигурен начин да го отстранам вишокот на килограми. Засега сум затодовен со резултатот, ослабив 10 килограми и планирам да оскабам уште толку – вели младиот Михајловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.