| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Во овие тешки денови, кога Македонија е во длабока политичка криза, ценам дека е време да се повлечам

gordana jankuloska vlada
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поднесе оставка од функцијата. За одлуката Јанкулоска писмено го известила премиерот Никола Груевски.

Јанкулоска во оставката истакнува дека во изминатиот период работела професионално и посветено раководејќи се од интересите на граѓаните и на државата.

– Почитуван претседателе Груевски,

Најнапред сакам да Ви се заблагодарам за довербата што ми ја дадовте да бидам дел од Вашиот тим и да раководам со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во изминативе години, не штедејќи време и енергија, работев професионално и посветено, секогаш раководејќи се од интересите на граѓаните, и пред сѐ, раководејќи се од интересот на Република Македонија.

Во овие тешки денови, кога Македонија е во длабока политичка криза, ценам дека е време да се повлечам, верувајќи дека моето повлекување од функцијата министер за внатрешни работи ќе придонесе за нејзиното надминување, стои во оставката од министерката Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top