| четврток, 6 декември 2018 |

Беровчани порачаа полицијата да се почитува, а не да се тепа со шипки

berovo-policija500Граѓаните од Берово денеска се собраа во голем број и се заблагодарија за патриотизмот на полицијата, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на државата.

-Полицајците се луѓе кои и ја чуваат и бранат Македонија и македонскиот народ. Токму затоа треба да ги почитуваме, а не да бидат тепани со шипки и со цигли, вели граѓанин кој заедно со голем број беровчани даде поддршка за македонската полиција.

Тие искажаа благодарност за несебичното залагање од страна на безбедносните сили.

Берово беше еден од 23-те градови во Македонија кои ја изразија поддршката и почитта на македонската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top