| четврток, 6 декември 2018 |

Командантите Нато и Бег Ризај меѓу убиените во Куманово?!

nato_thumb_medium500_258
Мирсад Ндрецај познат како командант НАТО и Бег Ризај, алијас командат Бегу, се меѓу 14-те убиени вооружени лица при акцијата на МВР во Куманово, дознава АЛСАТ М.
– Според последните информации кои ги имаме надлежните македонски служби добиле и официјална потврда за нивниот идентитет. Иако се уште се работи на потврдување на идентитетот на останатите загинати и на уапсените од кумановската група, речиси сигурно е дека полицијата ги има живи или мртви сите 5 лица кои важеа за организатори – пренесува Алсат -М.

Според изворите на АЛСАТ М, кај лидерот на групата Мирсад Ндрецај, командант НАТО биле најдени и неговите лични документи. При крај или завршена е и обдукцијата на останатите пронајдени тела. Но не може да се прецизира колку ќе трае процесот и на официјална идентификација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top