Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изрази задоволство од денешните разговори со американскиот државен секретар Џон Кери во Сочи.
Разговорите меѓу Лаврор и Кери траеле повеќе од четири часа, пред средбата на американскиот државен секретар со рускиот претседател Владимир Путин.
Двајцата дипломати размениле и неколку подароци, а Кери „му предал листа со цитати од руските медиуми, кои според него не го отсликуваат вистинскиот потенцијал на руско-американските односи и бараат унапредување“.
Пред почетокот на разговорите Кери и Лавров положија венец на споменикот на загинатите војници во Втората светска војна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.