Почнаа градежните зафати за изградба на вториот дел од платформата во река Отиња во Штип.
Изведувач на градежните зафати е штипската фирма „Бау инжинеринг“, а вредноста на проектот е 4,3 милиона денари. Рокот за изградба е 90 дена.
Минатата година, со поддршка на приватни донатори, пред сè на Комерцијална банка – Штип, беше завршен првиот дел од платформата, а оваа година, по спроведената постапка, следи изградбата и на вториот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.