| четврток, 6 декември 2018 |

Полицаецот што пукал во своите колеги меѓу уапсените терористи

teroristi-kumanovo-foto-pt-bota-strashno-2
Во текот на акцијата што се одвиваше викендов во Куманово, министерството за внатрешни работи, уапси 28 припадници на терористичката група, од кои 14 се дојдени од територијата на Косово и Метохија.

Како што наведува албанскиот портал „Бота сот“, меѓу уапсените терористи е и Арсим Бајрами, полицаец од Ваксинце за кој осамна веста дека пукал во своите колеги.

Дел од тие што беа уапсени во саботата биле задржани во полициската станица во Карпош и во Автокоманда.

Високи полициски функционери изјавиле дека продолжува идентификацијата на тројца приведени што се водачи на групата, но заради користење различни идентитети и имиња, нивното откривање е отежнато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top