Ласица влегла во главната 110-киловолтна трафостаница во Козле и направила краток спој – тоа е причината поради која половина Скопје синоќа остана без струја. Без електрична енергија останаа населбата Козле, делови од Тафталиџе, Црниче, Пржино, Водно, Карпош…
Како што велат од ЕВН, малото животинче влегло во трафостаницата и направило куса врска поради што дошло до прекин на електрична енергија.
Од ЕВН потенцираат дека дефекти од ваков тип се случуваат многу ретко, но дека ист ваков случај последен пат е регистриран пред две години во Битола, кога поради куна во трафостаница, цела Битола остана во темница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст