| четврток, 6 декември 2018 |

Чадорот на Верушевски и пријателите од надвор се едно исто

Терористите блиски до Харадинај, а Заев со СМС молеше за соработка со Харадинај

Прашањата и статусите на социјалните мрежи на добро упатените членови на јавноста во Македонија по полициската акција откриваат многу повеќе. Мухамед Зекири, новинар- уредник на Алсат-М, близок до многумина со екстремно однесување, јавно ги побара имињата на уапсените и жртвите во Куманово, или, како напишал, „ ни преостанува да чекаме да ни каже Рамуш Харадинај каде му се пријателите“.

muhi

Практично Мухамед Зекири обелоденува дека фатените терористи кои беа разбиени во антитерористичкиата акција на МВР биле блиски до Рамуш Харадинај. Интересно, но името на Рамуш Харадинај, поранешен водич на УЧК, потоа премиер на Косово, обвинет е за воени злосторства за време на војната, е посочен и во пораките кои Зоран Заев ги упатувал до Мехдух Тачи.

Молејќи го за соработка на изборите, Заев посочува „дека има насоки“, дека го „подготвуваат и повисоки надвор од Македонија“- посочувајќи некакви странски елементи и центри, кои се поклопуваат со обвинението дека мрежата на Верушевски организирала во соработка со странски служби нелегално прислушкување на државниот врв.

Дополнително во пораките до Тачи, Заев го моли за остварување на соработка и со Харадинај како нему значаен политичар кој ќе помогне на задачи кои се важни во регионот.

Zaev-Taci-sms

„Перспективите во регионот се воспоставување на соработка со тројката која ќе има голем големи поддршки во иднина, а тоа сте Вие (Тачи), Харадинај и Бериша“- стои во пораката од Заев до Тачи.

Со ова се повидлива е улогата на Заев и СДСМ и нивниот дел од сценариото на терористичката група рзбиена во Куманово. Се поверојатно е дека луѓето „од надвор“ за кој кажуваше Заев,  истите тие со кои соработуваа со Верушевски, се оние кои сега ги подржале „другарите на Харадинај“, како што посочува Зекири.

ramushВерушевски и неговиот агент Лазаревски во својата комуникација зборуваат за некој наводен Чадор кој ги штити. Дали Чадорот на Верушевски и пријателите од надвор на Заев се едно исто? Од тука произлегува и дилемата дека Заев и Харадинај соработуваат во таа поддршка „од надвор“ и во случај на групата терористи кои упаднаа во Куманово.

Заев веќе посочи дека знаел за групата во Кумановско, и за време на нападот над караулата Гошинце, иако и тој и СДСМ ја претставуваа како „фингерајка“ на власта. Сега вели дека знаел дека таа е истата терортистичка група која уби осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Знаел ли Заев за групата од пријателот во поддршка Харадинај? Дали и Харадинај е вмешан во „пријателите“ од надвор на Заев и во случајот Пуч?

Во јавноста се дозна дека опасната терористичка група влегла во државата на 5ти и 6ти мај, во моментите кога главниот фокус беа насилните протести на СДСМ пред владата каде беа фрлани бакли, летви и бекатон плочи врз полицијата и каде беа повредени над 20 полицајци. Заев практично полицајците ги направи подвижна мета во моментите кога во државата влезе опасната група.

selfi zaev

Додека Македонија тагуваше, а 8 фамилии се завиени во црно и уште 40 тина припадници на полицијата се ранети , Зоран Заев „Шизофреник“ и „Шарлатан“, како што го нарече Беким Фазлиу од ДПА, по само еден ден отиде во Куманово и се фоторафираше си правеше селфи со луѓето пред урнатините.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top