| четврток, 6 декември 2018 |

Заев прегрнат со Алиу, човекот што ги откривал локациите на македонската полиција

Untitled

Бесмисленостите и непромислените работи што ги прави Зоран Заев постојано го откриваат неговото вистинско лице!

Фотографијата на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев во прегратка со Бекир Алиу докажува дека тој ги бодри и подржува терористите – тврди „Пулс 24“. Според нив истиот тој Беким Алиу постојано објавувал статуси на „Фејсбук“ откривајќи ги позициите на македонските полицајци во Диво Насеље во Куманово каде што 26 часа се водеше борба.

za113

„Сега моментално се собрани кај ’Голд хипермаркет‘ околу 50 луѓе од специјалната единица…“ – напишал Алиу на својот профил на „Фејсбук“.

Во саботата околу 8 часот и 25 минути тој ги пофалил мажите што пет часа војувале со македонската полиција.

za114

Место да се слика и прегрнува со Бекир Алиу и да се фотграфира со луѓе што не ѝ посакуваат добро на Македонија, зошто Заев не отиде да му даде поддршка на детето што објави трогателна порака на „Фејсбук“ по загубата на својот татко во борбата во Куманово – пишува „Пулс24“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top