| четврток, 6 декември 2018 |

Терористите со правење дупки во ѕидови се префрлувале од еден во друг двор (видео)

11111
Тоа што се забележува во собите од кој било дом погоден од оган се дупки во ѕидовите за кои првично мислевме дека се направени од гранатирање, но во подоцнежна консултација со експерти ни беше посочено дека дупките кои членовите ги правеле се направени во обид да се префрлуваат од еден двор во друг. На масите во домовите се забележани и остатоци од храна, кикиритки, сокови, ред бул, плински боци, нескафе и храна која ја користеле додека престојувале внатре. Во еден од домовите се гледа дека семејството било тука до некое време, со остатоци од ручек и садови кои ги оставиле зад нив, пишува порталот „Кумановски муабети“.
Како што може да се види на снимките, малите дупки на ѕидовите се користени за снајперски оган, а по остатоците од крвави маици, се гледа дека членовите на групата, погодени од оган, се обидувале да го сопрат крвавењето.

Во видеото објавено од МВР доцна попладне, се гледа дека групата користела золји, рачни бомби и пушко-митралези, како и молотови коктели со кои најверојатно го предизвикале огнот во неколкуте семејни објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top