| четврток, 6 декември 2018 |

Тајфунот „Ноул“ по Филипините го погоди јужниот дел на Јапонија

ноул

Тајфунот „Ноул“ денеска го погоди јужниот дел на Јапонија, откако вчера помина покрај североисточното крајбрежје на Филипините каде што загинаа две лица.

Поројните дождови и бурните ветрови ги зафатија јужните јапонски острови Амами, на околу 1.800 километри југозападно од Токио, објави јапонската метеоролошка служба.

Тајфунот се движи кон големиот јужен остров Кјушу и централниот остров Хоншу.

На Филипините тајфунот зеде две човечки жртви, а околу 3.500 лица беа евакуирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top