Собранието на Република Македонија денеска треба да почне нова, 47. седница.
На дневен ред се предлог-закони за измени и дополнувања на Законот за библиотеките, Законот за музеите, Законот за превоз во патниот сообраќај, Законот за Државниот инспекторат за земјоделство и Законот за лековите и медицинските помагала, сите во прво читање.
По скратена постапка пред пратениците се предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за царинската тарифа и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Македонија.
Во второ читање пратениците ќе ги разгледаат предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основа на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во „МЖ Транспорт“ АД Скопје и дополнети предлог- закони за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


