| четврток, 6 декември 2018 |

Всичките от СДСМ кам Варна

Zaev bomba 6 4 (Custom)Медиумите кои ја сакаат Вистината на Заев денес беа импресионирани од видеоклипот со поддршка за протестите во Македонија на кој група од 7-8 Бугари ја искажуваат својата возбуда од случувањата на скопските улици.

Покрај поддршката, војводите од Бугарија даваат и совети за колегите од нивната сестринска земја како да истраат во намерите и да бидат храбри до крај.

По тој повод, централното раководство на СДСМ одлучи да упати масовен повик до своето членство доколку не успеат да ги реализираат своите политички намери пред одморите, ова лето да не се упатуваат на одмор на Халикидики, туку да ја видат Европа низ златната призма на песокта во Варна.

„Досега собиравме искуства и совети за нашата борба во Македонија на еден од краците под Солун, меѓутоа ако не успееме, треба да се обидеме да ги послушаме во советите нашите комшии од Исток, кои секогаш ја сакале нашата држава до толку да некогаш помислиме дека ја сакаат повеќе и од нас“, стои во соопштението.

Во рамките на пактот меѓу Заев и поддржувачите од Бугарија се очекува размена на забавен силиконизиран кадар меѓу струмичките и софиските клубови. Сметките може да ги расипе единствено Јелена Карлеуша, која, исто така, искажа поддршка за протестите на СДСМ и конкурира за настап во струмичката околија рамо до рамо со колешките Преслава, Ѓергана и Анелија.

Дали Бугарија и Србија ќе најдат заеднички јазик за Македонија? Низ историјата не успевале никогаш – ќе видиме како ќе се покажат овој пат.
Кромиди Запад

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top