На социјалната мрежа на Фејсбук, Албанец објави статус со кој го запали интернетот. Во статусот вели дека не сака Голема Албанија и дека сака да живее во домот каде што се родил, во Македонија, заедно со Македонците, Србите, Ромите, Турците и Власите.
Неговите пријатели и роднини ги изгубиле животите, како што вели, за нечии идеали за Голема Албанија. Тој нагласува дека тоа него не го интересира и дека „не трена политичарите и Америка да остваруваат корист од тоа што ќе се убиваме меѓусебно“. Сето тоа го нарекува „наметнато мразење и пропаганда која завела многу „несвесни борци“.
Тао нагласува дека само сака да живее убаво, да му се родат деца и да живеат во мир, каде секој на секого ќе му биде пријател, па дури и брат.
-Сакам да живееме среќно. И ќе се залагам за тоа додека сум жив, заклучува тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.