Терористичка група која се лоцирала во кумановската дива населба на територијата на Република Македонија влегла на 5 и 6 мај, објавува „Алфа“. Токму во тие денови во Скопје имаше насилни протести. Демонстрантите удрија по полицијата. Камења, бекатон плочки, шипки, дрва летаа кон полициските службеници . Беа повредени 38 полицајци.
Овој момент, според сознанија на телевизијата, бил искористен од страна на опасната, но и искусна терористичка група која влегува во Куманово.Стратешки било одбрана кумановската населба, густо населено место кое требало да служи како центар од каде терористите требало да се распоредат во групи и да почнат да дејствуваат. Како потенцијални мети на нападите се споменуваат полициските станици во Зајас, Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово. Се подготвувале и за напад врз цивилни објекти во Скопје, како трговски центри, пазари и прометни улици и да предизвикаат цивилни жртви.
Според „Алфа“, терористичките напади требало да започнат кон средината на месецов, а планот бил да се искористи дефокусираноста на полицијата со протестите. Македонските власти информираа дека е разбиена најопасната терористичка група во регионот , а со организираната полициска акција е спречено убиство на илјадници невини граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија