Епизодата која синоќа тебаше да се прикаже на „Сител“ телевизија, беше последна пред почетокот на настапите во живо од Белград. Во Србија, сепак, не беше одложено прикажувањето, па во „Икс-фактор“ беа објавени и последните одбрани финалисти.
И двајцата Македонци кои стигнаа до оваа фаза беа во групата на момчиња, чиј ментор е Александра Ковач. Во фазата каде натпреварувачите настапуваат во домовите на судиите, таа, во својата финална тројка го одбра Давид Темелков од Скопје. Тој својата изведба и песната „Angels“ од Роби Вилијамс им ја посвети на загинатите бранители.
– Овој настап и оваа песна им ја посветувам на бранителитешто го дадоа својот живот да нѐ заштитат, а кои се сега наши ангели – изјави Темелков.
Покрај 22-годишниот Темелков, во групата на Ковач остануваат 16-годишниот Илија Михајловиќ од Белград и 17-годишниот Антонио Кристофиќ од Опатија. Во изборот на кандидати на Ковач и помагаше Калиопи.
Сепак, тоа, не значи дека натпреварувањето е завршено и за охриѓанецот Боби Мојсоски. Публиката има шанса да додели wild card, односно да врати по еден испаднат кандидат од секоја група. За тоа кој да се врати во „Икс-фактор“ се гласа на оваа страница на „Фејсбук“. Гласањето трае до 17 мај, а може да се гласа само по еднаш.
Таму може да гласате и во натпреварувањето да се врати Алмир Исмаили, кој не беше одбран во тројката на Масимо Савиќ и групата постари од 27 години.
Групите кои Тончи Хулиќ ги одбра да се натпреваруваат во емисиите во живо се „Инфинитас“, „9контрол“ и „Анџелине“.
Во финалето, засега, нема да ги гледаме ни Босанците Тарик Мулаомеровиќ и Аднан Пачоли, дуо кое важи за едно од најголеите фаворити годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По триста перипетии Стојанчо од Гевгелија им покажа на Бугарите како пее славеј (ВИДЕО)
-
Скандал во финалето на „Икс-фактор“: Пијаната Никол плачела без престан
-
Ги воодушеви со пеењето, а кога го соблече фустанот, членовите на жирито занемеа (Видео)
-
Уште една суперфиналистка на „Икс – фактор“ издаде соло песна (ВИДЕО)