Во саботата наутро пред ТЦ Буњаковец „сонцињата“ на Даниел Кајмакоски го испратија нашиот евровизиски претставник на „Евровизија“ во Виена, Австрија, каде годинава ќе се одржи 60-тото јубилејно издание на фестивалот.
Подароци, бакнежи и гушкања имаше од сите обожаватели кои дојдоа на закажана средба, по којаКајмакоски замина за Белград на последната проба кај дизајнерката Ивана Рабреновиќ, која годинава е задолжена за изгледот на Даниел на сцена. Вчера, тој веќе пристигна во Виена, каде веке денес ги очекува првата техничка проба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.