Томислав Османли, Александра Прокопиев и Вера Стојчевска Антиќ учествуваа на 12. Меѓународен саем на книгата во Солун, што се одржа од 7 до 10 мај.
Говорејќи за влијанието на просветителската традиција на солунските браќа во делата на македонските автори, Стојчевска-Антиќ имала забележан настап посветен на тема „Химни за Св. Кирил“, додека говорник од грчка страна беше проф. Емилиос Тахеос од Центарот за студии на кирило-методиевското култирно наследство, професор славист и надворешен член на две балкански академии. Се прочитале песни на македонски јазик и преводи на грчки на стихови од Блаже Конески, Матеја Матевски и Јован Павловски во изведба на студентки по славистика на солунскиот универзитет „Македонија“.
Османли и Прокопиев ги претставиле своите романи „Дваесет и првиот“ и „Ѕиркачот“ како современи репрезентативни, наградени и пошироко приоштувани дела на современата македонската литература. Повторното појавување на македонското знаме, штанд и изданија на солунскиот меѓународен Саем на книгата, беа овозможени со поканата од Грчката фондација на културата, со ангажманот на Генералниот конзулат на Република Македонија во Солун и поддршката на професорката Маврогени од славистичката катедра на солунскиот универзитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст