| четврток, 6 декември 2018 |

Битолски фудбалер нападнал судија сред натпревар

Вчера наутро во периодот од 10,00 до 11,30 часот, во с.Лисолај-битолско за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК „Победа“ од с.Ивањевци и ФК „Могила БИ Милк“ од с.Лисолај, во 27 минута од натпреварот Б.К.(31) од Битола, играч на ФК „Могила БИ Милк“, физички го нападнал главниот судија В.Ѓ.(26) од Битола.

Од страна на полициски службеници на Б.К. му е издаден платен налог по член 3 казнив по член 13 од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top