| четврток, 6 декември 2018 |

Бакнежот на Пол Њуман и Џоан Вудворт на плакатот за канскиот фестивал

Легендарните љубовници Пол Њуман и Џоан Вудворт годинава ќе бидат на постерот за филмскиот фестивал, кој од 15 до 25 мај ќе се одржи во Кан.

thumb-3php

Канскиот фестивал е еден од најпрестижните филмски фестивали и оваа година ѕвезда на службениот плакат е бакнежот меѓу филмските легенди Пол Њуман и Џоан Вудворд. Со овој плакат фестивалот им оддава почест на Њуман, кој почина во 2008 година, и на неговата љубов кон Џоан, неговата сопруга и најдрага филмска партнерка. Оваа фотографија е направена во 1963 година, за време на снимањето на филмот „Нов вид љубов“ .

cannes-poster-p-2013

Годинешниот кански филмски фестивал е полн со изненадување. Стивен Спилберг, конечно, ќе биде претседател на жирито, кое пред 31 година првпат го виде неговиот култен филм „Е.Т“. Честа да го отвори фестивалот му припадна на „Големиот Гетсби“, еден од филмовите кои најмногу се очекуваа годинава.

thumb-2php

thumb-1php

thumbphp

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top