Министерството за здравство во врска со здравствената состојба на хоспитализираните припадници на безбедносните сили на Република Македонија информира дека на Хируршките клиники во Скопје, во моментов, се згрижени 20 пациенти и сите се во стабилна здравствена состојба.
Исто така, во ГОБ „8 Септември“ се згрижени девет припадници на безбедносните сили на РМ, сите се во добра здравствена состојба и се очекува во тек на денот, најмалку двајца пациенти да бидат пуштени на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


