Пеп Гвардиола трпи големи критики за лошите изданија на Баерн Минхен, а против него се се повеќе поранешни асови и легенди на баварскиот гигант. Последен кој отворено го критикува шпанскиот тренер за лошата тактика на дуелот против Барселона е Франц Бекенбауер, иконата на Баерн.
“Гвардиола има погрешни проценки во неколку сегменти. Немаше потреба да се ослободи од двајца фудбалери во текот на зимскиот преоден рок. Тоа не беше одлука на управата, туку на самиот тренер, да го испрати Шакири во Интер и Хојбјерг во Аугсбург. Сега останавме тенки на тие позиции во тимот, а згора на тоа ме зачуди и тактиката на мечот против Барселона. Кога видов дека почнуваме со тројца во линија во одбраната знаев дека ќе биде многу, многу опасно“, изјави Бекенбауер.
Поддршката за Гвардиола е се послаба и од Управата на клубот, па можно е тој да си замине од Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



