Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 41 сообраќајна незгода.
Во петок, на 8 мај, извршен е увид на вкупно 25 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се со последица материјална штета и 10 се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца сопатници, четворица пешаци, двајца велосипедисти, еден возач на мотоцикл и еден патник во автобус.
Случени се и шест незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле четворица пешаци, еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и еден велосипедист.
Во сабота, на 9 мај, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и еден пешак.
Во недела, на 10 мај, извршен е увид на вкупно девет сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на запрежно возило.
Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Десет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 10 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и четворица возачи кои поминале на црвено светло односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 61 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Орце Николов“, објект Карпош 3.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.