| четврток, 6 декември 2018 |

Отворени 43. Мајски оперски вечери без традиционалното палење огран

моб

43. издание на „Мајски оперски вечери“ во холот на Македонската опера и балет (МОБ) оваа година помина без традиционалното палење оган, поради настаните во Куманово во саботата, каде што осумина припадници на полициските сили ги загубија своите животи.

Отворањето на „Мајски оперски вечери“ беше со „Магбет“.

Бројната публика која ја исполни салата беше кусо информирана дека свеченото отворање е одложено поради вонредната состојба во Куманово, а по завршувањето на претставата можеше и да го заокружи впечатокот зошто операта „Магбет“ може навистина долго да се игра на сцената во Скопје каде што за прв пат е и поставена. Претставата „дише“ со слобода во уметничкиот израз не само преку впечатливиот настап на Весна Гиновска-Илкова како Леди Магбет, туку и со настапот на баритонот Борис Трајанов како Магбет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top