| четврток, 6 декември 2018 |

Метеж на отворањето на „Мекиците од Стража“

На првиот ден на отворањето на „Мекиците од Стража“ во Скопје имаше неочекуван метеж каде што се чекаше и по половина час да се нарача и да се проба од вкусните мекици. Популарните мекици дојдоа и во Скопје, а во прадавницата, освен мекици се продаваат и парчиња пица, кифли, панцероти…

Првата продавница „Мекиците од Стража“ е на преминот Стража, на патот Скопје – Охрид и отсекогаш било популарно место за застанување и одмарање на патот за Охрид. А, ако застанете на Стража, не можете а да не купите од мекиците од Стража.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top