| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов побара одговорност од лидерите на политичките партии

иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов во вечерашното обраќање по завршување на Советот за безбедност изјави дека членовите на терористичката група не биле потценети, но тие биле добро обучени и опремени.

Иванов во обраќањето до јавноста порача дека сега е потребно трпение, мудрост и воздржаност, дека на Македонија и е потребна поддршка од лидерите на политичките партии од кои што побара да бидат одговорни, од медиумите, од сите граѓани, како и поддршка од меѓународната заедница.

Тој многупати испраќал пораки до меѓународната заедница дека статус кво ситуациајта во во НАТО и ЕУ создаваат фрустрации и ја прават земјата ранлива затоа сега од ЕУ и НАТО бара со најголема сериозност да се ангажираат во одблокирање на интеграциите.

Во врска со внатрешните состојби Иванов побара полиитчки дијалог затоа што него практично го нема.

Крајно време е рече претседателот лидерите на политичките партии да седнат да разговараат, а тој жали што морало да се случи ваков инцидент за да тие седнат на заедничка маса и конструктивно да разговааарат. Апелираше партиските интереси да се ставата настрана, да запрат партиските конфрнтации и да се работи на заедничките интереси , евроатланска европска макеоднија.

– Нема оправдување за никого што нема да се однесува во овој правец – рече Иванов кој додаде дека никој нема да ја избегне одговорноста, а граѓаните да имаат разум и трпение и да не подлегнуваат на провокациите.

– Македонија била фактор на стабилност, соживот и толеранција и така мора да остане затоа што Република Македонија е единствента татковина што ја имаме – го завшри денешнот обраќање шефот на државата Иванов.

За заклучоците од денешниот состанок на советот за безбедност јавноста ќе биде дополнително известена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top