Македонското друштво „Илинден“-Тирана изразува сочувство за загинатите полицајци и граѓани во оружениот судир во Куманово.
Како што се вели во соопштението на „Илинден“, повикуваат на смиреност и трпение, на толеранција и взаемно уважување.
– Апелираме до сите политички фактори во Република Македонија да изнајдат сили и со дијалог и меѓусебна почит да изнајдат решенија за надминување на проблемите. Уверени сме дека постојат можности, желба и политичка волја за општо добро на севкупниот македонски народ и сите граѓани на Македонија, се вели во соопштението.
Ги повикуваат граѓаните, независно од етничкото потекло и верско уверување, да се воздржат од меѓусебни пресметки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.